Денеска (11.10.2024), полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Струмица спроведоа превентивни активности под мотото "Стави појас, вози безбедно" и "Не зборувај на мобилен телефон додека возиш".
На две локации на излезот од Струмица, преку непосреден разговор и со делење на летоци обезбедени од РСБСП, полициските службеници им икажуваа на возачите за нивната должност да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не користат мобилен телефон додека управуваат моторни возила, а за задолжителното користење на сигурносен појас освен на возачите им беше укажано и на сопатниците во возилата.
Целта на оваа превентивна активност е зајакнување на довербата помегу МВР и граѓаните, поголема сообраќајна култура, почитување на законските обврски, заради поголема лична безбедност на возачите и сопатниците во возилата, но и на останатите учесници во сообраќајот.