Денеска (10.10.2024) по повод меѓународната – „Недела на детето“ полициските службеници од ОВР Кратово при СВР Куманово, одржаа таканаречен – „Отворен ден со полицијата“, настан примарно посветен на децата и нивно запознавање со улогата и функционирањето на полицијата.
Притоа, ученици од основно општинско училиште „Кочо Рацин“ од Кратово имаа можност да ја посетат полициската станица во Кратово и да се запознаат со работата и дел од опремата на полицијата. Ваквите активности имаат за цел градење на безбедно живеење, а пред се градење на доверба на младите во работа на полицијата, согласно концептот за полицијата во служба на граѓаните.