Денеска (10.10.2024) полициски службеници од ОВР Крушево при СВР Битола, под мотото - „Безбедно од училиште до дома и обратно“, почнаа со реализација на едукативната кампања наменета за најмладите учесници во сообраќајот.
Притоа, полициски службеници, го посетија основното училиште „Никола Карев“ во село Саждево и низ интерактивен пристап, на учениците им одржаа едукативни предавања со посебен акцент на делот од нивната безбедност како учесници во сообраќајот, а им беа поделени и соодветни едукативни материјали со низа практични совети од областа на сообраќајот.
Целта на оваа активност е запознавање на децата со основните сообраќајни правила и прописи како и со улогата на полицаецот-сообраќаец.