Во текот на вчерашниот ден (09.10.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица реализираа едукативна работилница посветена на безбедноста во сообраќајот со учениците од трето одделение од Основното општинско училиште „Mаршал Тито“ во Струмица.
Целта на оваа активност беше преку тематски подготвена презентација учениците да се запознаат со основните сообраќајни поими, со сообраќајните знаци, правила и прописи, со посебен акцент на нивното однесување како учесници во сообраќајот, односно како пешаци или кога возат велосипеди или тротинети. Исто така учениците беа запознаени и со задачите и обврските на униформираниот полициски службеник- сообраќаец. Дополнително на учениците им беа поделени и наменски изработени едукативни печатени материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.