07 октомври 2024

Превентивна активност на СВР Штип за побезбеден сообраќај

Денеска (07.10.2024) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција на СВР Штип и полициски службеници од ПС за БПС Штип беше реализирано едукативно предавање за учениците од ООУ „Димитар Влахов“ во Штип. Децата беа запознаени со основните правила за учество во сообраќајот, за нивно безбедно доаѓање и заминување од училиштето. За време на предавањето беше поделен и едукативен материјал, изработен од РСБСП.