Денеска (07.10.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе едукативна активност со деца од предшколска возраст од детската градинка „Срничка“ од Скопје. Притоа, на проактивен начин на децата им беа објаснети основните сообраќајни поими и правила, адаптирани на нивна возраст, за нивно безбедно учество во сообраќајот како пешаци или доколку возат велосипед или тротинет.
На децата им беше појаснета и улогата на полицискиот службеник, како и начинот на интеракција со граѓаните, вклучувајќи ги и децата.