30 септември 2024
Превентивна активност на СВР Битола за поголема безбедност на децата во сообраќајот
Денеска (30.09.2024) од страна на Отсекот за превенција при СВР Битола во содјество со полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во Основното општинско училиште „Тодор Анѓелевски“ во Битола беше реализирана превентивна активност „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Целта на оваа превентивна активност е да се запознаат децата со сообраќајните правила и прописи, со цел нивно безбедно учество во сообраќајот. На децата им беше поделен и едукативен материјал.