Денеска (30.09.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица организираа едукативни работилници во основното училиште „Видое Подгорец“ во Струмица за превенција од врсничко насилство. Учениците беа запознаени со последиците што ги носи ваквата појава,а особено беше посветено внимание, преку непосреден разговор со децата, околу начините како да се препознае насилството и кои се начините благовремено да се превенира и да се заштитат децата од последиците на оваа социо-девијантна појава.