Денеска (29.09.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе сообраќајна превентивна активност под мотото „Стави појас". Активноста беше спроведена на подрачјето на ПО Сарај, односно на излез од Град Скопје. Основна цел на проектот е зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Покрај споделените совети во директна комуникација за потребата од користење на појас, пред се за личната безбедност, на граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.