Денеска (28.09.2024) на подрачјето на Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш спроведоа превентивна активност под мотото „Носи кацига, вози безбедно“ . Оваа активност се реализира во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и асоцијација на мото клубови на Македонија.
Преку делење на летоци со едукативна содржина, полициските службеници и претставници на Мото асоцијацијата од Радовиш ги потсетуваа возачите на мотори, мопеди, но и возачите на електрични тротинети за обврската и потребата да носат заштитна кацига, со што значително ќе ја зголемат својата безбедност, односно дека носењето кацига може да го спаси нивниот живот.