По повод традиционалната манифестација – „Преспански јаболкобер“ , Отсекот за превенција при СВР Битола заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска (27.09.) спроведоа превентивни активности со земјоделците од ресенскиот регион, а во контекст на учеството на земјоделската механизација-трактори и приколки во сообраќајот и законските обврски кои треба да бидат исполнети во врска со неа, во интерес на поголема сообраќајна безбедност.
Во текот на активноста на граѓаните им беше укажано дека и за оваа категорија на возачи важи доследното почитување на законските одредби од Законот за возила, при што беше нагласено дека пред да се вклучат во сообраќај неопходно е да ги доведат своите возила во исправна техничка состојба, особено во поглед на светлосната сигнализација, како и уредите за управување и кочење. Целта на активностите беше насочена кон подигање на безбедносната свест и на оваа категорија учесници во сообраќајот а во интерес на намалување на сообраќајните незгоди во кои учествуваат овој вид возила, а кои што генерално најмногу се резултат на техничките недостатоци кај истите.