27 септември 2024

Превентивна активност на СВР Штип

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи- Штип, во соодејство со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Штип, денеска (27.09.) на локации во близина на градскиот пазар во Штип спроведе превентивно едукативна кампања на тема – „Заштитите се од џепни кражби“.

Активност што примарно беше фокусирана на повозрасните категории граѓани, а се реализираше преку непосредни средби и разговори со граѓаните. Притоа, полициските службеници укажуваа на важноста од внимателност од овој вид имотни деликти, со конкретни совети за заштита, а дополнително на граѓаните им беа делени едукативни печатени материјали насочени кон превенцијата од џепни кражби. Исто така, во разговорите беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата, пред се преку брзо пријавување на таквите случаи на бесплатниот телефонски број 112.