Денеска (27.09.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, во содјество со полициски службеници од ОВР Неготино и во соработка со Општинскиот совет за социјална заштита од Демир Капија, во Основното општинско училиште „Димката Ангелов Габерот“ во Демир Капија беше реализирана сообраќајно превентивна активност на тема - „Правила и прописи за безбедно управување на електричните тротинети“.
Преку оваа активност, децата-ученици, што често се корисници на овој вид превозни средства, беа запознаени со правилата и прописите за управувањето со електичните тротинети, потоа предвидените законски санкции од нивното незаконско управување и последиците при евентуалните сообраќајни незгоди.
Целта на оваа превентивна акција беше да се заштитат децата, со интенција да се подигне сообрќајната култура и познавања пред се во поглед на ризиците и последиците од незаконско или неправилно користење на електричните тротинети.