26 септември 2024

Превентивни активности на СВР Скопје за побезбеден сообраќај

Денеска (26.09.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе превентивна активност од областа на сообраќајот на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Центар, под мотото „Не заборавај - стави појас“. Притоа, полициските службеници во неспоредна комуникација со возачите и сопатниците укажуваа за важноста на сигурносните појаси, особено од аспект на личната безбедност во сообраќајот, а на граѓаните им делеа и едукативни печатени материјали изработени во соработка со РСБСП.

Исто така, Одделението за превенција при СВР Скопје вчера во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба одржа едукатива сообраќајна поука за граѓани, односно возачи кои сториле сообраќаен прекршок „користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило“ (по чл. 24/5 од ЗБСП). Целта на поуката е подигнување на сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот.