Денеска (24.09) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и со Советот на општина Босилово, реализираа превентивната активност со учениците од прво до петто одделение од Основното општинско училиште „Борис Трајковски“ во село Моноспитово, струмичко.
Во рамките на едукативната работилница која беше тематски посветена на безбедноста во сообраќајот, полициските службеници ги запознаа децата со основните сообраќајни поими, сообраќајни знаци, правила и прописи во сообраќајот, како да се однесуваат како учесници во сообраќајот како пешаци, но и кога возат велосипед или тротинет. Покрај тоа, учениците беа запознаени и со основните задачи и обврски на униформираниот полициски службеник- сообраќаец. На учениците им беше поделен едукативен материјал изработен во соработка со РСБСП.