21 септември 2024

Превентивни активности на СВР Битола

На 20.09.2024, во рамки на одбележувањето на манифестацијата „Европска недела на мобилност“, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола и од Полициската станица за Безбедност на патниот сообраќај Битола реализираа настан насловен како „Ден на мобилност“.
Притоа, во централното градско подрачје на Битола и Градскиот парк, во непосредна комуникација со граѓани-велосипедисти им беше укажувано за законските обврски во делот на сообраќајот, како и за неопходноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, а во интерес на нивна лична безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. На овој начин беше промовиран велосипедот како алтернативно превозно средство, кое придонесува до поздрава животна средина.
Во рамки на активностите вчера во Битола, учество зедоа и полициски службеници од СВР Битола, РСБСП, општина Битола, ученици од едно основно и едно средно училиште, студенти, наставници, велосипедски клубови... Во соработка со Europe House Bitola беа организирани три велосипедски игри, со цел подигнување на свеста за Зелената дипломатија и за зачувување на урбаните средини со намалување на загадувањето.