Денеска (19.09.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа превентивни активности во рамките на проектот - „Полицијата и граѓаните заедно“.
Истите беа реализирани во рамки на активностите коишто се спроведоа на градскиот плоштад во Струмица, а по повод одбележувањето на „Европската недела на мобилност“. Полициските службеници преку делење на летоци и и друг едукативно-рекламен материјал ги подржаа учесниците во оваа активност којашто имаше за цел да се промовираат алтернативните форми на мобилност, односно пешачењето и велосипедизмот.
Исто така, преку разговорите со граѓаните учесници на манифестацијата полициските службеници укажуваа за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи на оваа категорија учесници во сообраќајот – како пешаци и велосипедисти – а во интерес на нивната лична безбедност како и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.