Вчера (13.09.2024) во с. Брвеница полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, по повод почетокот на ловната сезона, која започнува на 15 септември и ќе трае до 15 јануари 2025 година, остварија средба со претседателот и членови на ловното друштво од с. Брвеница, кое има околу 150 членови.
На средбата беше потенцирана одличната соработка помеѓу полицијата и ловното друштво, а беше разговарано и за проблемот со криволовот и законските импликации во врска со криволовот, односно обврската за доследно почитување на одредбите од Законот за ловство и Законот за оружјето кои ја регулираат работата на ловните друштва, ловењето и одобрување, користење и ракување со оружјето.