08 септември 2024

Превентивна активност на СВР Тетово

Денеска (08.09.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, под мото „Биди внимателен и одговорен велосипедист- носи кацига" спроведоа едукативна кампања за безбедно учество во сообраќај на велосипедистите со учесниците на трката во Маврово, која традиционално се одржува секоја година по повод државниот празник 8-ми Септември во организација на Халк Банка. На учесниците во велосипедската трка им беа поделени летоци со едукативна содржина, изготвени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.