Денеска (07.09.2024) во периодот од 09 до 15 часот во општина Врапчиште, поточно во селата Врапчиште, Неготино, Добридол, Градец и Топлица полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од ПО Галате и претставници од Шумска полиција и ЈП "Национални шуми" спроведоа превентивна активност посветенa на превенцијата и мерките за заштита од шумски пожари и заштита од бесправна сеча на шуми.
Преку делење на летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“, како и во непосредна комуникација со граѓаните, полициските службеници укажуваа за законските санкции во поглед на предизвикувањето на пожари и во поглед на бесправното сечење на шумите, а секако и за потенцијалните штети што тие може да ги предизвикаат за животната средина и шумскиот фонд.