07 септември 2024

Превентивна активност на СВР Скопје за побезбеден сообраќај

Денеска (07.09.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе превентивно едукативни активности под мотото „Стави појас" и „Не зборувај на мобилен додека возиш“. Едукативно превентивните активности беа спроведени на подрачјето на општина Сарај, односно на наплатна рампа Глумово. Основна цел на активноста е зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.

На граѓаните низ директна комуникација им беше укажано на потребата од почитување на сообраќајните правила со цел да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, а исто така им беше поделен и едукативен материјал.