05 септември 2024

Превентивна активност на СВР Велес

Денеска (05.09.) Отсекот за превенција при СВР Велес реализираше координативна работна средба на подрачје на град Велес, со надлежните во средните општински училишта „Кочо Рацин“ и „Димитрија Чуповски“, како и со надлежните во доменот на обезбедување во овие средни училишта.

Работната средба беше реализирана во врска со превземање на мерки и активности за безбедно отпочнување на учебната година, како и координација за реализација на едукативни и превентивни активности согласно проектот „Безбедност во училиштата“ со кои опфатени речиси сите теми од областа на превенција од социо-девијатни поведенија кај младите.