05 септември 2024

Превентивна активност на ПС Валандово за побезбеден сообраќај

Вчера (04.09.) на подрачје на Валандово полициски службеници од Полициската станица Валандово спроведоа превентивна активност под мотото „Не пиј кога возиш“.

Преку делење на летоци обезбедени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и во непосреден разговор со возачите и останатите граѓани, полициските службеници потенцираа дека управувањето возило под дејство на алкохол е една од најчестите причини за случување на сообраќајни несреќи со тешки последици. Токму поради тоа, не треба да се консумира алкохол доколку граѓанинот планира да управува возило, со што ќе се заштити себе си, но и останатите учесници во сообраќајот.