Денеска (02.09.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на подрачјето на Битола реализираа превентивна активност под мотото „Безбедно од дома до училиште“ по повод првиот училишен ден, активност што инаку е дел од пошироката кампања на МВР „Безбедност во училиштата“.
Превентивните активности беа реализирани на приодите кон повеќе училишта во Битола, при што на учениците им беа објаснувани значењето на хоризонталната и на вертикалната сигнализација на улиците, како и потребата од доследно почитување на сообраќајните правила со цел безбедно доаѓање и заминување од училиште и безбедно преминување преку крстосница. Исто така, на учениците им беше поделен и едукативен печатен материјал наменски изработен во соработка со РСБСП и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот при Општина Битола.