Денеска (01.09.2024) и вчера (31.08.2024), полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола во центарот на Ресен спроведоа превентивна активност под мотото „Вози одморен, вози безбедно“.
Во рамки на активноста, во непосредна комуникација, на возачите им беше укажувано за важноста да го управуваат возилото одморени, имајќи предвид дека заморот многу често резултира со пад на концентрацијата, што во практиката се покажало како честа причина за предизвикување на сообраќајни незгоди.
Исто така, на возачите им беше укажано за потребата од доследно почитување на законските прописи при управување со возило, меѓу кои акцентот беше ставен на задолжителното носење на заштитен појас, како и прилагодување на брзината кон условите на патот. На возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал.