Денеска (31.08.2024), во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, реализирана е превентивна активност по планот „имотни деликти“, односно подигнување на свеста кај граѓаните за самозаштита од тешки кражби од моторни возила.
Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Полициската станица Центар и ИПА Регион Скопје на паркинг просторот околу Националната арена „Тодор Проески“ и Градскиот парк и во поширокото опкружување остварија средби со граѓани, при што им беше потенцирано кога ги паркираат нивните моторни возила да не оставаат вредни предмети, паричници или слично бидејќи многу лесно можат да станат жртви на овој вид на криминал.
Исто така, на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина со цел подигнување на свеста за самозаштита од тешки кражби од моторните возила.