27 август 2024

Превентивна активност за побезбеден сообраќај во Македонска Каменица

Вчера (26.08) од страна на Отсекот за превенција при СВР Штип во Македонска Каменица беше спроведена превентивна активност од областа на сообраќајната безбедност „Отвори очи и со памет - во сообраќајот не си сам!“

Проектот е создаден во рамки на пошироката соработка на рудникот „Саса“, општината Македонска Каменица и Отсекот за превенција при СВР Штип, а со цел подигање на нивото на сообраќајната култура, односно свесноста кај учесниците во сообраќајот за поголема безбедност и намалување на сообраќајните незгоди и последиците од истите.

При тоа од страна на полициски службеници од ПО за БПС Делчево и ПО Македонска Каменица на граѓаните во директна комуникација им беше укажано на потребата од почитување на сообраќајните правила, како и последиците од нивното непочитување, а им беа поделени и материјали со едукативна содржина.