Денеска (22.08.2024), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе сообраќајно-превентивна едукативна активност под мотото „Вози одморен“ и „Не пиј додека возиш“.
Планираните активности беа спроведени на подрачјето на општина Петровец, поточно кај наплатна рампа Петровец. Основна цел на проектот беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Исто така, покрај непосредната комуникација со возачите, полициските службеници поделија и едукативен печатен материја, изработен во соработка со РСБСП, а беа делени и ваучери за кафе од бензинска пумпа ОКТА, како своевидна стимулативна мерка.