22 август 2024

Превентивна активност на Отсекот за превенција при СВР Велес

Вчера (21.08.2024) на Градскиот плоштад во Кавадарци, Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициската станица од Кавадарци реализираа едукативна работилница на тема „Полицијата и децата се дружат“.

Имено, на покана од општина Кавадарци, Отсекот за превенција зема учество во културно - забавната манифестација „Кавадаречки стрит фест 2024“ во која со излагање на дел од полициската опрема и преку комуникација со полициските службеници, децата имаа можност да се запознаат со значењето и функционирањето на полициската служба.

Тие беа запознаени со секојдневното полициско работење , со задачите и обврските на полицијата, а сето тоа во насока на градење на доверба, сигурност и зближување со децата.