21 август 2024

Превентивна активност на СВР Тетово

Денеска (21.08.) во рамки на оперативниот план и активностите од превентивниот проект „Безбедно Лето 2024“, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во соработка со полициски службеници од Одделение за полиција при СВР-Тетово во просториите на општинската организација на Црвениот крст Тетово одржаа работен состанок, посветен на одржување на поволна безбедносна состојба во делот на јавниот ред и мир, сообраќајот, спречувањето на вршење на кривични дела, како и превенција од девијантни и деликвентни однесувања кај помладата популација на граѓани.

Притоа, од страна на полициските службеници беше истакната потребата за меѓусебна институционална соработка, особено во делот на превентивните активности (проекти, работилница и кампањи) кои заеднички би ги реализирале во училиштата се со цел јакнење на свеста кај граѓаните, особено кај учениците за превенирање на девијантно и деликвентно однесување, со што би се намалиле бројот на прекршоци и кривичните дела во заедницата.