21 август 2024

Превентивни активности на СВР Куманово

Изминатата недела, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово реализираа низа превентивни активности на граничните премини „Табановце“ , „Белановце“, „Пелинце“ и „ Деве баир“, а посветени на областа од безбедност на сообраќајот .

Полициските службеници на возачите им укажуваа за внимателно возење и почитување на сообраќајните правила и прописи, како и за потребата од правење на паузи особено при подолги патувања.

Дополнително на возачите им беа поделени едукативни летоци изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со корисни информации околу законските прописи и сообраќајните правила, а исто така беше делена и вода за освежување.