Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска (20.08.2024) во рамки на превентивните активности тематски поврзани со превенцијата од имотни деликти и кампања – „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“ реализираше таква едукативно превентивна активност на подрачјето на општината Гази Баба. Притоа, на две локации, полициски службеници од Одделението за превенција во непосредна комуникација со граѓаните укажуваа на разните апсекти на проблематиката на имотните деликти, пред се кражбите, а во насока на основната цел на проектот за заштита од тешки кражби од куќи и станови, разбојништва, насилства, измами, со акцент на заштита од тешки кражби од патнички моторни возила.
Воедно, преку непосредната комуникација и укажувања целта беше и да се зајакне довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. На граѓаните особено им се нагласуваше опасноста од оставење вредни предмети видливи во автомобилот, како потенцијален фактор за извршување на кривично дело од делот на имотни деликти, односно обивање на возило поради кражба. Се укажуваше и на потребата од подигнување на нивото на безбедносна свест и самозаштита и на граѓаните им се делеа и едукативни материјал – летоци со информативни препораки за превенција од имотните деликти.