Денеска (20.08.2024) на повеќе локации на подрачјето на Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициската станица Велес спроведоа превентивна активност во рамките на кампањата на министерството насловена како – „Градиме пријателство - создаваме безбедност“ со посебен акцент на превенција од имотни деликти, пред се кражби и измами.
Во текот на низата средби и разговори со граѓаните, полициските службеници укажуваа и појаснуваа за формите на имотни деликти, притоа презентирајќи и корисни совети за тоа како граѓаните да се заштитат себе си и својот дом од провални кражби, односно за постапките кои треба да ги преземат за заштита.
На средбите беа поделени и корисни совети во насока од превенција од измами со посебен акцент на измами со продажба на дрва на кои што се подложни пред се пензонерите, на што да се внимава, како да се заштитат и што е можно побргу да пријават во полиција, со цел пронаоѓање на сторителите на вакви кривични дела.