Денеска (18.08.2024), Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачјето на општина Центар спроведе превентивна активност „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, која е дел од план „Превенција од имотни деликти“.
Основна цел на проектот е заштита од тешки кражби од куќи и станови, разбојништва, насилства, измами, со акцент на заштита од тешки кражби од патнички моторни возила. Воедно, дополнителна цел на оваа кампања е и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Притоа, на граѓаните им беше укажувано дека оставањето на вредни предмети на видливо место во автомобилот е потенцијално привлекување на извршување на кривично дело од делот на имотни деликти, обивање на возило поради кражба. Се укажуваше и на потребата од подигнување на нивото за безбедносна свест и самозаштита и притоа беше поделен едукативен материјал со корисни препораки.