16 август 2024

Превентивна активност на СВР Тетово

 Денеска (16.08.2024) согласно Оперативниот план на мерки и активности во рамки на превентивната кампања - „Безбедно Лето 2024“ полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово реализираа средба во просторите на здружението на пензионери Гостивар со претставници на ова здружение.

 

Со цел одржување на поволна безбедносна состојба во повеќе сегменти од јавниот ред и мир, а особено во насока на спречување на вршење на кривични дела, како и превентивни мерки за зголемување на свеста кај граѓаните со навремено реагирање при секој обид на појава на пожар на отворен простор и шумски предели, на средбата се разговараше на повеќе точки почнувајќи од намалувањето на криминалот во заедницата, при што полициските службеници презентираа низа препораки и мерки за самозаштита во поглед на имотните деликти (џебни кражби, кражби и тешки кражби, измами, разбојништва).

 
Исто така било разговарано околу заедничкото превентивно делување во заедницата, со цел јакнење на свеста кај граѓаните посебно во овие периоди од годината за навремено реагирање при евентуална појава на пожар на отворен простор и во шумски предели. На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.