Вчера (10.08) Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со ЈП „Шумска полиција“, спроведе превентивно едукативна кампања за превенција од пожари. Едукативно превентивната активност беше спроведена на подрачјето на подпелистерските села Нижополе, Трново, Магарево, како и битолските села Крстоар, Олевени, Драгош, Барешани,Бистрица. Притоа, основна цел на проектот беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, а во контекст на превенцијата од пожари.
За време на активноста во непосредна комуникација со граѓаните беше посочено какви се последици можат да настанат доколку не се биде внимателен, односно за недозволивоста од неодговорното однесување при правење на скара, отоа фрлањето отпушоци или други запаливи материјали, и воопшто за потенцијалните опасностите од предизвикување на пожари од невнимание. На граѓаните им беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со ЈП„Национални шуми“.