Вчера (08.08.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје и Полициското одделение Петровец реализираа работни состаноци со претставници од ЈП „Јасен – Фазанерија“, како и со претставници на кризниот штаб при општината Петровец, а на тема превенција од пожари.
Притоа, на средбите клучни точки беа преземањата на превентивни мерки со цел намалување на можноста од настанување на пожари, а акцентот беше особено ставен на зајакнувањето на координацијата меѓу надлежните служби, како и континуирано информирање на граѓаните за целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште.
Исто така, беше апострофирана и потребата од навремено пријавување доколку било кој граѓанин забележи појава на пожар, со цел навремено преземање на мерки и спречување на потешки последици.