Денеска (07.08.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“ и претставници од Шумската полиција, спроведоа превентивно едукативна кампања за превенција од пожари.
Едукативно превентивната активност се спроведе на подрачјето на ПСОН Драчево, а со основна цел за зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, а во контекст на превенцијата од пожари.
Притоа, за време на активноста во непосредна комуникација со граѓаните беше посочено какви се последици можат да настанат доколку не бидеме внимателни односно неодговорното однесување при правење на скара, фрлање отпушоци... воопшто на опасностите од предизвикување на пожари од невнимание.
На граѓаните им беа делени и едукативни материјали односно летоци со информативни содржини и препораки во насока на превенција од шумски пожари.