Денеска (06.08.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумска полиција, спроведе превентивно едукативна кампања за превенција од пожари. Едукативно превентивната активност беше спроведена на подрачјето на ПСОН Аеродром и ПСОН Чаир, а основна цел на проектот беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, а во контекст на превенцијата од пожари.
Притоа, за време на активноста во непосредна комуникација со граѓаните беше посочено какви се последици можат да настанат доколку не бидеме внимателни односно неодговорното однесување при правење на скара, фрлање отпушоци... воопшто на опасностите од предизвикување на пожари од невнимание.
На граѓаните им беа делени и едукативни летоци. Дополнително, во просториите на општина Кисела Вода беше одржан работен состанок со претставници на Совет на општина Кисела Вода, Одделение за превенција при СВР Скопје и старешинскиот кадар од ПСОН Кисела Вода, а во врска со превентивните активности согласно оперативната акција “Пожари 2024 година“. Се анализираше состојбата во општина Кисела Вода, како и мерките за превенција од пожари.