Вчера (05.08.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола во просториите на здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ одржаа едукативно предавање за превенција од семејното насилство, при што на присутните им беше укажано дека семејното насилство и насилството врз жени и девојчиња претставуваат кривични дела за кои насилникот одговара пред надлежните институции, а жртвата добива соодветна заштита.
Суштинска порака беше дека секоја жртва на насилство која ќе пријави насилство ќе добие бесплатна помош и поддршка, информации за своите права и заштита обезбедена од институциите.
Покрај ова, полициските службеници на присутните им укажаа и за санкциите од нарушување на јавниот ред и мир како и заштита и самозаштита од кражби, дрски кражби и разбојништва. За време на активноста беше поделен и едукативен материјал.