30 јули 2024

Координативен состанок на ЕВР Кисела Вода и кризниот штаб на општина Сопиште за превенција од пожари


Денеска (30.07.2024) во просториите на општина Сопиште се одржа координативен состанок на претставници на ЕВР Кисела Вода и кризниот штаб на општина Сопиште на кој тема беа активните пожари во близина на општината и мерките за нивно гасење, како и превентивните мерки со цел да се намали можноста од настанување на нови пожари. Акцент на состанокот се стави на зајакнување на координацијата меѓу надлежните служби, како и континуираното информирање на граѓаните за целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште во делот на резерватот Јасен, како и потребата од брзо пријавување доколку било кој граѓанин забележи појава на оган, со цел навремено преземање на мерки и спречување на потешки последици.