Денеска (30.07.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“ и претставници од Шумската полиција спроведе превентивно едукативна кампања за превенција од пожари.
Едукативно превентивната активност беше спроведена на подрачјето на Полициското одделение Петровец – наплатна рампа „Петровец“.
Основна цел на проектот беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Имено, за време на активноста беше посочено граѓаните да не палат стрништа, да не фрлаат отпушоци и да бидат максимално внимателни кога се движат во шума, за сите да придонесеме за безбедноста и да се спречи настанувањето на пожари. При тоа, на граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.