Секторот за внатрешни работи Тетово, на подрачјето на Полициско одделение Галате денеска (30.07.2024) започна со практично имплементирање на превентивно-едукативен проект на тема „Превенција од тешки кражби“, како дел од превентивните активности од планот „Безбедно лето 2024“.
Со овој проект планирани се да бидат организирани и да се одржат повеќе состаноци во урбани заедници на подрачјето на СВР Тетово, со цел запознавање на месното население со превентивните мерки за заштита од тешки кражби. Средбите се планирани да се одржуваат до средината на идниот месец и на средбите ќе бидат присутни полициски службеници од полициски станици или полициски одделенија, а исто така ќе бидат вклучени и инспектори од Отсекот за криминалистичка полиција, кои што на овие средби практично ќе им објаснат на граѓаните како да се заштитат од имотните деликти и, доколку се случат, како најбрзо и најефикасно да ги пријавуваат во најблиската полициска станица.