30 јули 2024

Превентивни активности на СВР Битола

 Отсекот за превенција при СВР Битола, заедно со претставници на сообраќајната полиција и на криминалистичката полиција при СВР Битола во рамки на континуираните превентивни активности одржа работен состанок во општина Битола со претставниците на локалната власт.

Притоа, беше анализирана состојбата со пожарите и мерките за рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели. Исто така, се разговараше и за мерки за безбедно одвивање на сообраќајот, потоа околу проблематиката со питачењето итн.

Целта на овие активности е да се зајаке координацијата и комуникацијата помеѓу надлежните служби со цел овозможување поефикасна безбедносна состојба на подрачје на општина Битола. На состанокот беа донесени заклучоци со мерки за поефикасни постапувања .