Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во содејство со претставници од ЈП „Национални шуми“, денеска (30.07.2024) на подрачјето на општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково спроведоа превентивни активности за спречување на настанување на пожари.
На граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина со основни безбедносни совети како да се постапи при откривање шумски пожар, а воедно им беше укажано да бидат особено внимателни во претстојниот период, да не се пали оган на отворено, на стрништа, на пасишта и околу сува вегетација, потоа да не се фрлаат догорчиња и отпушоци и на тој начин заедно да придонесеме за зачувување на шумите, да го заштитиме животот и здравјето и личниот и имотот на другите.