26 јули 2024

„Превенција од провални кражби“ – активност во Здружението на пензионери во Пехчево


Денеска (26.07.2024) во периодот од 11.00 до 12.00 часот во просториите на Здружението на пензионери во Пехчево од страна на полициски службеници од Полициската канцеларија Пехчево, беше спроведена превентивна активност на тема „Превенција од провални кражби“.
Полициските службеници на пензионерите, како најчести жртви на овој вид кривични дела, им беа презентирани корисни совети како да се заштитат од крадци и разбојници, односно како превентивно да дејствуваат за да ги спречат сторителите на провални кражби.
Во таа насока, на членовите на ова пензионерско здружение им беше потенцирано дека соработката со полицијата односно брзото и навремено пријавување на овој вид деликти придонесува за брза и ефективна реакција на полициските службеници за навремено откривање и приведување на сторителите, како и пронаоѓање и враќање на одземените пари и предмети на сопствениците.