Вчера (24.07.2024) од страна на полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола во центарот на Битола беше спроведена превентивна активност под мотото „Вози одморен, вози безбедно“, додека полициските службеници од ОВР Крушево на излезите кон излетничките места реализираа активност под мотото „Биди одговорен возач“. Во рамки на активностите во непосредна комуникација на возачите им беше укажувано за важноста да го управуваат возилото одморени, имајќи превид дека заморот многу често резултира со пад на концентрацијата, што во практиката се покажало како честа причина за предизвикување на сообраќајни незгоди.
Исто така, на возачите им беше укажано за потребата од доследно почитување на законските прописи при управување со возило, меѓу кои акцентот беше ставен на задолжителното носење на заштитен појас, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. На возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал наменет за учесниците во сообраќајот.
Полициските службеници од ОВР Крушево, пак, во координација со Отсекот за превенција спроведоа превентивна активност за поголема заштита на шумите од пожари, а полициски службеници од ОВР Прилеп, вчера, во централното подрачје на Прилеп беа насочени кон споделување совети и препораки до граѓаните за поголема внимателност при џебни и дрски кражби, како и разбојништва и кражби на вредни предмети во автомобили.
За време на спроведување на сите активности од страна на полициските службеници беше поделен едукативен материјал.