На 24.07.2024 од страна на полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, на патот Кавадарци-Неготино, поточно во населбата „Глишиќ“, спроведена е превентивна активност на тема „Вози одговорно“ и „Превенција и заштита од топлотен бран“ во која на возачите и на патниците во возилата им беа дадени препораки и совети за заштита од топлотниот бран, од кој веќе подолг период е зафатен регионот.
Меѓу препораките беше спомената потребата од правење на почести паузи, особено при подолгите патувања, како и неопходноста од внимателно управување со возилата и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, со цел безбеден сообраќај. Истовремено, при реализирањето на оваа превентивна активност, на возачите им беа поделени и летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП.