На 23.07.2024 од страна на полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола во центарот на Битола беше спроведена превентивна активност под мотото „Вози одморен, вози безбедно“. Во рамки на активноста, во непосредна комуникација, на возачите им беше укажувано за важноста да го управуваат возилото одморени, имајќи превид дека заморот многу често резултира со пад на концентрацијата, што во практиката се покажало како честа причина за предизвикување на сообраќајни незгоди.
Исто така, на возачите им беше укажано за потребата од доследно почитување на законските прописи при управување со возило, меѓу кои акцентот беше ставен на задолжителното носење на заштитен појас, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. На возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал наменет за учесниците во сообраќајот.