Денеска (22.07.2024), полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, на регионалниот пат Кавадарци-Росоман, спроведоа превентивна активност на тема „Стави појас!“. Во текот на активноста на возачите и сопатниците во возилата им беше укажано на потребата од зголемување на сообраќајната култура, како и за последиците од непочитувањето на законските правила и прописи.
Акцентот беше ставен на задолжителното користење на сигурносен појас, како едно од основите правила за безбедност на возачите и сопатниците во возилото, како и намалување на бројот на повреди при евентуални незгоди. За време на превентивната активност, на граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП.